Во просториите на Кошаркарската федерација на Северна Македонија денеска беше одржана жрепка за натпреварувачките броеви на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Првата лига во женска сениорска конкуренција за сезоната 2019/2020.
Дванаесет екипи ќе се борат за титулата државен шампион, а кошаркарките на Вардар ќе се обидат да ја одбранат титула освоена минатата сезона.
Првото коло ќе се одигра на 19 октомври. Натпреварувачки броеви:
1.Баскет Кам
2.Патриот 2016
3.Трокал
4.Пробаскет Академија
5.ПантериЖ
6.Струга 2009
7.Студент Академија
8.Шкупи
9.Вардар
10.Гостивар 2009
11.Бадел 1862
12.Крива Паланка.
Двојки за 1. коло:
Баскет Кам – Студент Академија
Патриот 2016 – Шкупи
Трокал – Вардар
Пробаскет Академија – Гостивар 2009
Пантери – Струга 2009
Бадел 1862 – Крива Паланка.