Металург – Вардар е дербито во осминафиналната фаза од националниот фудбалски куп. Ова е епилогот по денешната жрепка одржана во „Куќата на фудбалот“ во Скопје.
Двојки за осминафиналето од Купот на Македонија:
Металург – Вардар,
Пелистер – Миравци,
Работнички – Новаци,
Силекс – Дрита,
Гостивар – Напредок,
Хоризонт Турново – Брегалница,
Тетекс – Ренова,
Шкендија – Македонија ЃП.
Првите натпревари ќе се одиграат на 18 септември со почеток во 16 часот, а реваншите се закажани за 25 септември во 15 часот и 30 минути.