Во Фудбалската федерација на Македонија денеска беше извршена ждрепката за четвртфиналната фаза од националниот куп.
Лидерот во првенството Шкендија за противник ќе го има подобриот од осминафиналната пресметка меѓу Вардар и Шкупи.
Ждрепката сакаше во четвртфиналето да ги соочи пелагониските екипи Пелистер и Победа.
Академија Пандев ќе се сретне со второлигашот Тетекс, додека во реприза на минатонеделниот првенствен дуел ќе играат Ренова и Скопје.
Двојки за четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија:
Шкупи/Вардар – Шкендија
Тетекс – Академија Пандев
Ренова – Скопје
Пелистер – Победа.
Првите натпревари се закажани за 8 ноември, реваншите ќе се играат на 29 ноември. Исклучок се дуелите меѓу Шкендија и Шкупи или Вардар кои ќе се играат на 17 декември и 21 февруари 2018 година.