Во Франција вчера излезе првиот трејлер за биографскиот филм „Програма“ за американскиот велосипедист Ленс Армстронг во режија на Британецот, Стивен Фрирс, соопштија француските медиуми.
Филмот, во кој главна улога игра Бен Фостер, зборува за седумкратниот шампион на Тур де Франс, неговата борба против ракот и скандалот со допингот, по со што му беа одземени сите титули, а стигна и пред суд.
Сценариото на филмот е по книгата на ирскиот новинар, Дејвид Волш „Seven Deadly Sin: My Purcuit of Lance Armstrong“.
„Програма“ стигнува во кината кон половината на септември оваа година.