Дефанзивецот на Челси, Бранислав Ивановиќ изјавил дека ова е најлошиот момент за дуел со Јунајтед, во пресрет на нивниот натпревар од ФА Купот.
„Сините“ од Лондон, беа поразени од Стеауа, додека пак Јунајтед беше елиминиран до Лигата на Шампионите, во дуелот против Реал Мадрид.
„Ова ќе биде еден од најголемите предизвици оваа сезона, бидејќи мечот доаѓа во многу тежок момент. Кога на таков неправеден начин ќе испаднете од такво елитното натпреварување, тоа е многу лошо. Тие поради тоа сигурно ќе бидат екстра мотивирани“ – рекол Ивановиќ.
Челси и Јунајтед својот меч од Фа Купот ќе го одиграат во недела од 17-30 минути.