Ивановиќ: Беше договорено да доиграме, УЕФА прифати, Албанците не

Од:

Бранислав Ивановиќ, капитенот на српската репрезентација не сакаше да ги коментира деталите за синоќешниот инцидент, но рече дека во разговор со судијата и претставниците од УЕФА беше договорено натпреварот да продолжи.

– Бевме подготвени да го доиграме натпреварот. Тоа го договоривме и со службените лица. Сепак Албанците изјавија дека ниту физички ниту психички не се подготвени да продолжат. Ние сакаме да играме фудбал, а за се друго има одговорни кои ќе донесат одлука. За време на инцидентот бевме со играчите на Албанија, истакна Ивановиќ.

Натпреварот Србија – Албанија синоќа во Белград не го дочека својот крај откако во 42.минута на стадионот се појави летало на далечински управувач на кое беше закачено знаме на голема Албанија.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србите испуштија победа против Камерун

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Млад српски фудбалер за време на тренинг доби срцев удар и почина

А1он

Вучиќ им вети премија од еден милион евра на српските фудбалери за победа во Португалија

Ана Ололовска

Црвена ѕвезда се соочува со висока казна од УЕФА

Ана Ололовска