Српската атлетичарка Ивана Шпановиќ е избрана за европска атлетичарка за февруари од Европската атлетска асоцијација.
Таа со скокот од 6,96 метри го освои златниот медал на Светското атлетско првенство во Бирмингем.
Освен шампионската титула, српската атлетичарка претходно во текот на февруари оствари неколку одлични резултати и на натпреварувањата во Белград и Дизелдорф беше прва, додека во Глазгов го освои третото место.
За атлетичар на месецот е избран Швајцарецот Жулиен Вандерс , кој се натреварува во трки на долги патеки. Вандерс беше втор на полумаратонот што се одржа на 11 февруари во Барселона.