Италијанските одбојкарки се нови европски шампионки, откако во финалето одиграно синоќа пред 20.000 гледачи во белградска „Арена“ го совладаа домаќинот Србија со 3-1 (24-26.25-22.25-19, 25-11).
За Италијанките ова е трета европска титула во историјата и прва од 2009 година.
Женската одбојкарска репрезентација на Србија, од друга страна, загуби во своето петто европско финале и по втор пат мораше да се задоволи со сребрен медал.
Третото место на Европското првенство во Белград го освои Турција, која во натпреварот за бронзениот медал ја совлада Холандија со 3-0.