Денеска започна Европското ракометно првенство во ракомет, а со победи стартуваа селекциите на Исланд и Белорусија.
Во групата А која што се игра во Сплит, селекцијата на Исланд со 26:24 победи против Шведска, а вечерва се игра вториот натпревар од оваа група помеѓу домаќинот Хрватска и соседот Србија.
Групата Б се игра во Пореч, а во првиот натпревар Белорусија ја совлада Австрија со 27:26, додека вечерва светскиот првак Франција ќе игра со селекцијата на Норвешка.
Европското првенство за македонската репрезентација започнува утре во 19 часот и 30 минути, кога нашите ракометари ќе играат против селекцијата на Словенија во Загреб.