Ирвајн: Леклер е побрз од Верстапен

Од:

Леклер е многу подобар од Макс Верстапен, објави поранешниот пилот на Ферари, Еди Ирвајн.

Пилотот од Монако импресионираше со својот настап во првата година за „Скудерија“, откако веќе освои 2 трки и на уште неколку беше многу блиску до победа.

За него и холандската sвезда на Ред Бул се смета дека ќе доминираат во Формула 1 во наредните години и Ирецот е многу импресиониран од него.

– Нема сомнение дека Шарл е многу подобар од Макс. Четири пати по ред ја освои пол-позицијата без да има најдобар автомобил, извинете Ферари. Макс има многу повеќе искуство од него, но сепак прави глупави грешки. Шарл е многу поконцентриран и попресметлив. Можеше да има уште неколку победи без најсилниот автомобил, што кажува многу. На Монца беше неверојатен против Хамилтон, иако неговите постапки можеби не беа 100% по правилата. Тој е исклучително силен пилот и за мене нема дискусија дека тој е многу подобар од Верстапен, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он