„Иранскиот Меси“ ја напушти репрезентацијата на 23 години поради неговата мајка

Од:

Напаѓачот на Иран, Сардар Азмун се откажа од репрезентацијата на само 23 години. Причина за одлуката на Азмун е неговата мајка, која неодамна се опоравила од тешка болест, а сега здравјето и се влошило по навредите што ги добил нејзиниот син.

Азмун, чиј прекар е „иранскиот Меси“, постигна 23 гола во 33 натпревари за својата земја пред турнирот.

Во Русија, сепак тој не успеа да реализира гол, а тимот на Карлос Кеирош заврши трет во групата со Шпанија и Португалија.

Тој ја утврди својата одлука да се откаже да настапува за Иран како „болна“.

Во квалификациите тој имаше 11 гола во 14 дуели и одигра 90 минути во секој од трите меча на Мундијалот 2018. Меѓутоа, критиките за неговата игра довеле до разболување на неговата мајка.

– Мајка ми надмина сериозна болест и јас бев среќен. За жал, поради навредите што јас и колегите ги добивме, а воопшто не ги заслужуваме, болеста нејзина стана потешка. Тоа ме става во тешка позиција, во која треба да го изберам едното пред другото и јас ја избирам мајка ми, изјави Азмун, кој игра за Рубин Казан на клупско ниво.

Азмун направи деби за Иран на 19 години и веќе е петти на вечната листа на голгетерите откако е споредуван со фудбалската легенда Али Даи, кој има 109 гола во 149 натпревари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Велс падна пред храбрите Иранци

Посебна трибина за жени на стадионот во Техеран

Сопруга на холандски играч беше принудена да ги напушти трибините во Иран

Ана Ололовска

Катанец ќе ја води ирачката репрезентација

Ана Ололовска

Маскирани Иранки гледаа фудбалски натпревар

Наум Локоски

Иран се пласира на Мундијалот во Русија

Ана Ололовска