Репрезентацијата на Иран обезбеди пласман на Светското фудбалско првенство во Русија што ќе се одржи во 2018 година.
Во дуел од 8.коло на азиските квалификации, Иран забележа победа против Узбекистан со 2-0, со што стигна до шестиот триумф во квалификациската група А, и на две кола до крајот има недостижна предност во однос на конкурентите.
За второто место кое носи директен пласман во Русија ќе се борат селекциите на Јужна Кореја и Узбекистан, а трето пласираната селекција ќе игра во баражот.
Резултати и двојки од двете азиски квалификациски групи:
А група: Иран – Узбекистан 2-0, Сирија – Кина и Катар – Јужна Кореја.
Табела: Иран 20 бодови, Јужна Кореја 13, Узбекистан 12, Сирија 8, Кина 5 и Катар 4.
Б група: Австралија – Саудиска Арабија 3-2, Тајланд – Обединети Арапски Емирати и Ирак – Јапонија.
Табела: Јапонија 16 бодови, Саудиска Арабија 16, Австралија 16, Обединети Арапски Емирати 9, Ирак 4 и Тајланд 1.