Интер нема да го продолжи закупот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез за уште една сезона, пренесува „Дејли телеграф“.
Италијанскиот клуб смета дека 31-годишниот Чилеанец нема да го добие потребното време за играње.
Во сезоната 2019/20, Санчез забележа 1 гол и даде 1 асистенција на 15 натпревари за Интер.