Интер го позајми Виктор Мозес од Фенербахче

Од:

Интер нема намера лесно да се откаже од борбата за Скудето во Серија А со Јувентус. По трансферот на Ешли Јанг, меѓу „нероазурите“ пристигна и Виктор Мозес, поранешен играч на Челзи, а сега на Фенербахче, кој до крај на сезоната ќе настапува на позајмица на „Џузепе Меаца“. Во случај на двострано задоволство, калчолигашот ќе има право на откуп на неговиот договор за сума од 10 милиони евра.

Конте одлично го познава Мозес уште како менаџер на Челзи и верува дека квалитетите на крилниот напаѓач ќе бидат од големо значење за Интер во трката за шампионската титула во Италија оваа сезона.

По Светското првенство во Русија, Мозес се прости од настапите за репрезентацијата на Нигерија и се посвети на клупскиот фудбал. За нигерискиот национален тим од 2012 година до 2018 година одигра 37 натпревари и постигна 12 гола.

Интер викендот киксира во дуелот со Лече (1:1) и заостанува четири бода во однос на Јувентус.

Би можело да ве интересира

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Лаутаро Мартинез и Интер работат на продолжување на договорот

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Словачкиот фудбалер ке го облече дресот на клубот од Париз

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Давиде Фратези е нoв играч на Интер