Иницијативниот одбор за спас на ФК „Кожуф“ со барање до Општината: „Дајте ни да играме на Градскиот стадион“

Од:

Членовите на Иницијативниот одбор за спас на фудбалскиот клуб „Кожуф“ од Гевгелија, заедно со членови на навивачката група „Фантоми“ и ветераните на клубот, на одржаната средба со претседателот на Советот на општина Гевгелија, Драги Хаџи Николов, со барање:  „Дајте да играме на Градскиот стадион, зашто ќе следува граѓанска непослушност!“

Првично беше најавено дека вчерашната средба во просториите на Општина Гевгелија со претставници на ФК „Кожуф“ ќе се реализаира со градоначалникот на општината, кој воедно е и потписник на спорниот договор за отстапување на градскиот стадион во Гевгелија на десетгодишна концесија на ФК „Миравци“ од Миравци, иако ФК „Кожуф“ има валиден договор со Општината за долгогодишно користење на стадионот за спортски активности и развој на клубот. Но, градоначалникот не се појави на закажаната средба поради зафатеност.

На едночасовната средба со претседателот на Советот, фудбалските претставници и поддржувачи на „Кожуф“ поставија три барања:

1. Неделниот натпревар од деветтото коло есенската полусезона на Третата фудбалска лига „Кожуф“ да ја одигра на свој терен на Градскиот стадион;

2. Да се вратат клупските простории, опремата и реквизитите на ФК „Кожуф“ што се наоѓат во состав на Градскиот стадион;

3. Да се исплатат финасиските средства наменети за ФК „Кожуф“ од Програмата за поддршка на спортот и спортските активности на Општината, која е составен дел на Буџетот на општина Гевгелија за 2013 година.

kozuvOkt12 (1)

Доколку не се остварат овие барања, претставниците на ФК„Кожуф“ заедно со навивачите, фудбалските ветерани и бројната публика што ги поддржува, најавија и други мерки на граѓанска непослушност.

Претседателот на општинскиот Совет, Драги Хаџи Николов, сослушувајќи ги заложбите на Иницијативниот одбор рече дека ќе се заложи тие да бидат пренесени до градоначалникот Иван Франгов и да се најде начин сегашната состојбата со „Кожуф“ да биде надмината.

„Јас сум стар гевгеличанец и сум тренирал и сум играл со овие фудбалски ветерани, легендите на гевгелискиот фудбал и подготвен сум да направам сѐ за да бидат надминати забуните што доведоа до сегашниве состојби со ‘Кожуф’, а клубот да го добие местото што му припаѓа“, беше одговорот на Хаџи Николов на средбата со фудбалските претставници и поддржувачи на ФК „Кожуф“, меѓу кои и фудбалските легенди Ристо Митановски, Драги Карапеев – Гаго, Мојцо Морцалиев и единствениот гевгеличанец што ги бранеше боите на македонската фудбалска репрезентација – Ристо Божинов – Бурда.

Општината има рок од два дена да одговори на барањата на Иницијативниот одбор за спас на ФК „Кожуф“.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска