Илиевски: Македонија е на добар пат

Од:

Македонската репрезентација до 21 година го заврши циклусот квалификации за пласман на Европското првенство со убедлив триумф од 6:1 против Гибралтар. Селекторот Добринко Илиевски ја предводеше Македонија до 21 година на четирите последни меча од овој циклус, остварувајќи четири бодови од исто толку натпревари.

Илиевски е задоволен од начинот на кои неговата селекција, во која се наоѓаат фудбалери помлади дури три години од генерациите со кои играа репрезентациите кои ни беа противници во групата.

– Целта за последните натпревари од квалификациите за ЕП 2019 години беше да создадеме база за следниот циклус, со оглед на тоа што шансите за висок пласман одамна беа загубени. Мислам дека сме на вистинскиот пат. Фудбалерите кои го носеа товарот на натпреварите кои јас ги водев како селектор се три години помлади, а некој од нив и четири години помлади од генерацијата со која играа репрезентациите кои ни беа противници во групата.

Со драстично подмладен состав ние освоивме четири бодови од исто толку натпревари, за разлика од првите шест мечеви каде остваривме само една победа и бевме на последното место. Веројатно впечатокот ќе беше уште подобар доколку не ни се случеа несреќните минути од судиското продолжение против Ерменија кога ја испуштивме победата и пласманот на пред нив на табелата, изјави Илиевски за веб страницата на ФФМ.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска