Илејн Томпсон, 24-годишната Јамајчанка е најбрзата жена на светот откако ја победи најбрзата Американка Тори Боуви и двократната актуелна шампионка, сонародничката Шели-Ен Фрејзер-Прајс.
Тоа што се очекуваше да биде една од најтесните трки на шампионатот, Томпсон ја трансформираше во доминантна победа пред Боуви.
Томпсон заврши со 10.71, цели 0.12 секунди пред Боуви.
„Јамајка има многу талентирани спринтери, така што тоа што сум само втора шампионка од нашата земја ме прави многу среќна“, вели Томпсон.
100 МЕТРИ (Ж)
1.Илејн Томпсон (Јам) 10.71
2.Тори Боуви (САД) 10.83
3.Шели-Ен Фрејзер-Прајс (Јам) 10.86