Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Од:

Можеби најголемиот талент во англискиот фудбал, Џон Босток (32) одби десетгодишен договор со Барселона, а сега игра во петтата фудбалска лига во својата земја. Сепак, тој вели дека не жали за одлуката.

Џон Босток беше генерациски талент и чудо од дете, вистинската иднина на англискиот фудбал.

Кога имал само 14 години, додека бил во младинската академија на Кристал Палас, Барселона му понудила десетгодишен договор. Сепак, тој одбил се, и вели дека верата му помогнала да донесе одлука.

“Моето семејство и јас се договоривме дека е најдобро да останеме во Англија и Лондон. Јас сум следбеник на Исус и верувам дека моите чекори се веќе одредени. Во текот на тие години бев изложен на верата и така мојот однос со Бога ми помогна брзо да созреам, верата ми даде поинаква перспектива за мојата кариера и животот воопшто, па решив да останам во Лондон.

Тој го имаше своето деби за Кристал Палас на 15-годишна возраст и го собори рекордот на клубот како најмлад играч во историјата. Тој беше купен од Тотенхем како голобрадо дете, но следеа позајмици каде што не се прослави.

Чекор по чекор ги менуваше клубовите и земјите во кои играше. Помина низ САД, Белгија, Франција и Турција, а најдобрите игри ги одигра во Ленс, Франција.

Денеска како 32-годишен играч настапува за аматерскиот клуб Солихал Мурс во петтата лига на англискиот фудбал. Сепак, тој вели дека не жали поради одлуката да ја одбие Барселона.

„Сигурен сум дека животот во Барселона би бил убав, но тука ја запознав мојата сопруга и навистина создадов личност во Тотенхем“, додаде Босток.

Роден во Лондон, Босток во меѓувреме го промени спортското државјанство и прифати да игра за Тринидад и Тобаго, неговата земја на потекло, но ниту таму никогаш не дебитираше.

Би можело да ве интересира

Успешно финале на турнирот во мал фудбал „8 Септември“, „Астра казино“ ја продолжува поддршката

Чудна сцена во борбата за појасот на УФЦ: Новиот шампион го бакнуваше својот ривал

Предраг Петровиќ

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Јамал на стартот на кариерата: Никогаш нема да ја напуштам Барселона

Предраг Петровиќ

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ