Тренерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека иднината на напаѓачот на „Топчиите“, Александaр Лаказет во тимот ќе биде одредена на лето.
– Сè уште не разговаравме за ништо во врска со продолжување на неговиот договор или трансфер. Среќен сум со начинот на кој игра и постигнува погодоци. Лаказет е во одлична форма. На лето ќе разговараме и ќе донесеме одлука за тоа, изјави Артета.
Во сезоната 2020/21, Лаказет забележа 19 настапи за Арсенал, постигнувајќи 9 гола.
Дваесет и деветгодишниот Французин има договор со клубот до крајот на јуни 2022 година.