Ибраими: Најважна е победата на Струга ТЛ, се радувам и за головите

Од:

Најдобриот стрелец во историјата на Првата лига, Бесарт Ибраими, постигна два гола во дресот на Струга Трум Лум во првиот меч по враќањето во македонскиот шампионат. По една година во странство, тој покажува дека ќе биде огромно засилување за стружани.

„Секој почеток е тежок, па така најважно од сѐ беше да се освојат бодовите. Го почнавме првенството со победа и среќен сум што дадов голови со кои му помогнав на тимот. Се надевам дека вака ќе продолжиме и на наредните мечеви и дека нашите навивачи ќе уживаат, зашто и нивната поддршка многу значи за овој тим“, изјави Ибраими.

Денеска се играат уште два натпревари од Првата лига. Во Кратово се среќаваат Силекс – Работнички, а во Струмица ќе играат Академија Пандев – Брегалница.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он