Ибрахимовиќ немоќен против повредите: Не сум Супермен

Од:

Напаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ обелодени дека има проблеми со Ахиловата тетива и веројатно нема да може да настапи в недела на првенственото дерби против Јувентус во Торино.

– Ќе видиме, состојбата се менува од ден во ден, но не е тајна дека имам проблем со тетивата и не сакам да ризикувам трајни последици. Сакам да ја издржам целата сезона и затоа морам да си повторувам дека не сум Супермен. Мојот проблем е во тоа што премногу работам, изјави 39-годишниот Ибрахимовиќ за официјалниот сајт на Милан.

Поради проблемите со тетивата Ибрахимовиќ го пропушти вчерашниот воведен натпревар на Милан во Лигата на шампиони против Ливерпул, кој италијанскиот тим го загуби со 3:2.

Би можело да ве интересира

Златан Ибрахимовиќ и купи црква на мајка му за 9,24 милиони евра, станови на брат му и татко му

Предраг Петровиќ

Ибрахимовиќ: Го изгубив идентитетот во Барселона

Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан

Ибрахимовиќ ќе остане во Милан

Ибрахимовиќ ќе го пропушти Емполи поради повреда на коленото

А1он

Папата Франциск и Ибрахимовиќ разменија книги

Ана Ололовска