Ибрахимовиќ казнет за два натпревари

Од:

Суперѕвездата на Л.А. Галакси и МЛС, Златан Ибрахимовиќ, беше казнет за два натпревари поради своите акции при поразот од Њујорк Сити со 0:2 минатиот викенд.

Шведскиот фудбалер ја погоди гредата во 86-тата минута, а потоа неговиот соиграч Крис Понтиус не успеа да реализира по одбиената топка. Сепак, Ибра беше удрен од противничкиот голман, Шон Џонсон во грбот, по што Ибра сврте и го зграпчи за вратот, па и двајцата паднаа на земја.

Двајцата беа разделени, но дисциплинскиот комитет на Американската лига не дозволи инцидентот да помине без последици, па така лидерот на Галакси беше казнет и парично, без да се спомене точниот износ на финансиската санкција.

Ибрахимовиќ, кој има 9 гола во 10 натпревари досега, ќе ги пропушти судирите против Колорадо Рапидс и Орландо Сити.

Сепак, ова не е негов прв прекршок откако неодамна беше казнет и за симулација, а минатата година беше избркан во натпреварот против Монтреал и казнет за еден меч, откако одби да игра на „Ол Стар“ натпреварот.

Би можело да ве интересира

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

Србија ја победи Шведска, Ибрахимовиќ се збогуваше со фудбалскиот дрес

Златан Ибрахимовиќ и купи црква на мајка му за 9,24 милиони евра, станови на брат му и татко му

Предраг Петровиќ

Ибрахимовиќ: Го изгубив идентитетот во Барселона

Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан

Ибрахимовиќ ќе остане во Милан