Фудбалерите на Арсенал се пласираа во осминафиналето од ФА купот откако со голот на Тео Волкот во финишот од средбата го совладаа домаќинот Брајтон со 3-2.
Жиру му донесе водство на премиерлигашот во 16. минута, а во 33. Брајтон стигна до израмнување преку Барнс.
До ново водство Арсенал дојде во 56. минута откако Диаби одлично го најде Жиру, кој го постигна вториот гол на средбата, за 2-1. Радоста на гостите траеше само шест минута, бидејќи Улоа во 62. минута изедначи на 2-2, но Тео Волкот погоди во 85. минута за триумф и пласман во осминафиналето.