И Сан Антонио падна во Стејплс Центарот

Од:

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс првиот натпревар без Коби Брајант по неговата повреда го решија во своја корист. На домашен терен ноќеска тие славеа против Сан Антонио, а најдобар на теренот беше Двајт Хауард со 26 поени и 17 скокови.

За Сан Антонио овој пораз значи намалување на шансите за првата позиција на „Запад“.
Важна победа за пласман на 2 место на „Исток“ оствари Њујорк во пресметката со директниот конкурент Индијана. Кармело Ентони постигна 25 поени, а ова беше 15-та победа во 16.тиот натпревар.

Шампионот од 2011 година Далас оствари триумф, но за оваа екипа ова беше само „пирова победа“ бидејќи немаат шанса за плеј офот, но конечно стигнаа до 50 отсто успех (40-40 победи – порази).
Резултати од ноќешните натпревари во НБА лигата: Мајами – Чикаго 105:93, Торонто – Бруклин 93:87, Њујорк – Индијана 90:80, Филаделфија – Кливленд 91:77, Денвер – Портланд 118:109, Њу Орлеанс – Далас 89:107, Хјустон – Сакраменто 121:100 и ЛА Лејкерс – Сан Антонио 91:86.

Двојки за вечерва: Шарлот – Њујорк, Орландо – Чикаго, Кливленд – Мајами, Бруклин – Вашингтон, Детроит – Филаделфија, Милвоки – Денвер, Далас – Мемфис, Оклахома Сити – Сакраменто, Минесота – Јута, Феникс – Хјустон и Голден Стејт – Сан Антонио.

Пласман Источна конференција: Мајами 64-16 (победи – порази), Њујорк 53-27, Индијана 49-31, Бруклин 47-33, Атланта 44-36, Чикаго 43-37, Бостон 41-39, Милвоки 37-43,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 59-21, Сан Антонио 58-22, Денвер 55-25, ЛА Клиперс 54-26, Мемфис 54-26, Хјустон 45-35, Голден Стејт 45-35, ЛА Лејкерс 44-37, Јута 42-38,…

Би можело да ве интересира

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

Орце Костов

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ