Веќе информиравме дека по последното коло може да се случи ждрепка да решава која селекција ќе продолжи во осминафиналната фаза на Светското фудбалско првенство во Бразил.
Ако во групата Г, каква ситуација може да решава меѓу селекциите на САД и Германија, тогаш во групата А, истото може да се случи и со домаќинот Бразил и селекцијата на Мексико.
Во пресрет на вечерашните натпревари, Хрватска – Мексико и Бразил – Камерун, изгледот на табелата во оваа група е следен: Бразил 4 бодови (3:1 гол разлика), Мексико 4 (1:0), Хрватска 3 (5:3) и Камерун 0 (0:5).
Така, доколку селекцијата на Хрватска го победи Мексико со 3:2, а веќе отпишаниот Камерун го изненади домаќинот Бразил со 2:0, тогаш Хрватска ќе биде првопласирана и ќе се пласира во осминафиналето, а Мексико и Бразил ќе имаат идентичен учинок од 4 бодови и гол разлика 3:3.
Со оглед на тоа дека меѓусебниот дуел на овие репрезентации заврши нерешено 0:0, во таков случај ждрепката ќе решава дали „Кариоките“ или Мексиканците ќе минат во следната фаза на Мундијалот.
Дуелите од А групата се играат вечерва од 22 часот.