Германија е првата селекција која обезбеди полуфинале на Светското првенство во Бразил.
Еден гол беше доволен за Германците да го продолжат патот на Светското првенство каде ќе им застане победникот од дуелот помеѓу Бразил и Колумбија.
За Германија ова е четвртипат во низа да избори пласман во големата четворка на Светските првенства.
Матс Хумелс беше највисок во скокот по изведениот слободен удар во 13 минута, за гол доволен за полуфинале.