Напаѓачот на Зенит, Бразилецот Хулк призна дека е свесен за интересот од страна на Челзи кон него.
Според последните гласини во англиските медиуми Жозе Мурињо предложил 35 милиони фунти за бразилскиот голгетер, кој во моментов е со националниот тим на Бразил и се подготвува за Купот на Конфедерациите.
Хулк не успеа да се докаже во руската Премиер Лига, признавајќи дека стилот на игра и климата не му се допаѓаат особено многу.
“Ако кажам дека нема ништо точно во гласините за Челзи, ќе ве лажам. Во моментов не можам да кажам ништо повеќе за ова прашање. Сега се обидувам да мислам само на националниот тим”, искрен беше Хулк.
“Дојдов да го носам дресот на Бразил со гордост. Моите пријатели и семејството ме поддржуваат и се надевам дека ќе го освоиме трофејот од Купот на Конфедерациите”, додаде тој.