Шпанскиот репрезентативец и член на Челзи, Хуан Мата е прогласен за најдобар играч на клубот во сезоната 2012/13.
За поранешниот играч на Валенсија ова е големо признание кое доаѓа како резултат на одличните игри во дресот на „сините“ од Лондон.
25-годишниот фудбалер од средниот ред во 2011 година се пресели од Валенсија во Челзи и стана миленик на навивачите на „Стемфорд Бриџ“.
– Сакам да се заблагодарам на соиграчите кои имаат голем придонес за моите добри игри. Тие се фантастични. Имаме 24-25 врвни фудбалери и секој од нив беше потенцијален добитник на ова признание, изјави Мата по добивањето на наградата.