Хрватската полиција на нозе: Клубот пријави исчезнат фудбалер

Од:

Хрватскиот фудбалски клуб Горица преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека нивниот фудбалер Хамед Абдула Талал едноставно исчезнал.

Од вчера му се губи секаква трага на 27-годишниот Хамед кој пред само две недели од унгарски ZTE се пресели во Горица.

Во сабота, 19 август, Талал замина од Хрватска во Будимпешта со цел од својот стан да ја донесе потребната документација за регистрација во својот нов клуб и да ги пресели работите.

„Исчезнувањето е пријавено во унгарската полиција, а семејството и ХНК Горица бараат секој што има некаква информација за Хамед да се обрати до најблиската полициска станица или до клубот“, велат од Горица.

Од клубот од околината на Загреб додаваат дека овој играч вози бело Порше со шведски регистерски таблички.

Инаку, станува збор за фудбалер кој има ирачки и шведски пасош, а неодамна потпиша договор со Горица до летото следната година.

Полицијата не ја исклучува можноста Хамид да е жртва на киднапирање, со оглед на тоа што потекнува од богато семејство.

Би можело да ве интересира

Во САД има се повеќе „сајбер киднапирање“: Последната жртва е млад Кинез

Паунов до Спасовски: Наместо брза реакција демантиравте, со нервоза и потење пред камери граѓаните не се чувствуваат безбедни

Спасовски: Уапсен е извршителот на убиствата, сторивме се за фаќање на овој монструм

Александар Тодески

Љупчо Палевски уапсен во Турција

Александар Тодески

Заврши исказот на таткото на Вања: Негира дека давал информации на Палевски

Александар Тодески

Пријавен обид за грабнување деца од училиште во Карбинци

Анита Петровска Рајковиќ