Домаќинот Хрватска со убедливи 10 разлика славеше против селекцијата на Србија во првото коло од фазата по групи на Европското првенство во ракомет.
Со 32:22, Хрватите пред публиката во Сплит славеа против соседот Србија, откако на полувремето резултатот беше 18:13.
Претходно во оваа група Исланд славеше против Шведска.
Вториот натпревар од вечерниот термин беше понеизвесен, а во него подобри беа ракометарите на Франција, кои со 32:31 славеа против Норвешка. Норвежаните имаа предност на полуврето од 17:15.
Претхондо во оваа група Белорусија славеше против Австрија исто така со еден разлика, 27:26.
Репрезентацијата на Македонија првенството го започнува утре во 19:30 против Словенија.