Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Од:

Репрезентацијата на Хрватска одигра 3:3 на гостувањето кај Полска во четвртото коло од Лигата на нации. Тоа беше еден од најлудите натпревари за Хрватска во последните неколку години.

Полјаците поведоа, а Хрватска со експресни голови зголеми на 3:1. Сепак, Полска се врати и во последните 20 минути тргна по нов пресврт бидејќи имаше играч повеќе поради исклучувањето на Доминик Ливаковиќ, но Хрватска успеа да спаси бод.

Хрватска на тој начин со победата не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на нации, но остана на втората позиција на табелата со три бода повеќе од Полска и три помалку од Португалија. Избраниците на Златко Далиќ во ноември ќе имаат уште еден домашен натпревар со Португалија и гостување со Шкотска.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб