На Мундијалот во Бразил денеска ќе се одиграат четири натпревари од 3.коло, по два во А и Б групите. Веќе е познато дека од Б групата Холандија и Чиле одат во следната фаза, додека во А групата Бразил е со најголеми шанси, а Хрватска и Мексико во меѓусебниот натпревар ќе имаат шанса да си решат за судбината на СП.
Натпреварите Мексико – Хрватска (во Бразилија) и Бразил – Камерун (во Ресифе) почнуваат во исто време, од 22 часот.
Табела А група: Бразил 4 бодови (+2 гол разлика), Мексико 4 (+1), Хрватска 3 (+2) и Камерун 0 (-5).
Двете средби од последното коло во Б групата ќе стартуваат во 18 часот: Австралија – Шпанија (Куритибиа) и Холандија – Чиле (Сао Пауло).
Табела Б група: Холандија 6 бодови (+5 гол разлика), Чиле 6 (+4), Австралија 0 (-3) и Шпанија 0 (-6).
Во 1/8 финалето ќе играат првопласираниот од А групата со второпласираниот од Б групата и вториот од А групата со првиот од Б групата.