Хостесата која Петер Саган ја штипна за задникот за време на прогласувањето на трката во Фландрија изјави дека тоа навистина невкусно.
Ја почуствува неговата рака и посакував да се свртам и да му ударм шлаканица. Не го направив тоа бидејќи ќе го видеа милиони луѓе. Сакав професионално да ја завршам мојата работа. Не разговарав со него, но мојот поглед му кажа што мислам за неговата постапка – изјави за медиумите 25- годишната Маја Леје.
Во моментот кога Маја го даваше традиционалниот бакнеж за победникот на трката Фабиан Канцелара, второпласираниот Саган за штипна за задникот.
И се извинувам на Маја, како и на сите кои ги навредив. Во иднина ќе се однесувам по пристојно – изјавил Саган, откако неговиот гест беше осуден.