Шеснаесеттата етапа од Формула 1 шампионатот ќе се одржи во Малезија, а новиот мотор кој ќе го вози Фернандо Алонсо го однесе на последното стартно место на гридот. Шпанецот ја заврши трката за Големата Награда на Сингапур во зоната за бодови, на седмото место, а релативно лошата форма на Мекларен Хонда во досегашниот тек на сезоната и незадоволувачките резултати ги примора механичарите да го надградат моторот на болидот на Алонсо.
На болидот на Алонсо ќе биде ставен нов мотор со внатрешно согорување, нов турбополнач, промени во контролорите за електрониката, како и промени во турбо-хибридните единици поради што според пропозициите на ФИА следи и автоматска казна од 30 позицииодносно старт од последната позиција за Алонсо.