Холандија по 18 години за прв пат без „Ван“ во тимот

Од:

За прв пат по 18 година селекцијата на Холандија во својот состав на еден натпревар нема да има фудбалер кој пред своето презиме го има префиксот „Ван“.

Ван Хојдонк, Ван Бронхорст, Ван Перси, и уште многумина фудбалери со овој префикс, барем по еден, биле секогаш во составот на „Лалињата“ на натпреварите.

Но, на денешниот дуел против Чиле тоа нема да биде случај. Поради суспензија (два жолти картони) во составот на Холандија ќе го нема Робин Ван Перси.

Така за прв пат по пријателскиот натпревар против Кина одигран 1996 година, во составот на Холандија ќе нема ниту еден играч кој во своето презиме го содржи препознатливиот префикс „Ван“.

Но, не е се така трагично, бидејќи сепак на клупата на Холандија ќе седи селекторот Луи Ван Гал.

Натпреварот Холандија – Чиле кој директно решава за првото место во групата Б ќе се игра на „Коринтианс“ арената во Сао Паоло од 18 часот, термин во кој ќе старува и вториот натпревар од оваа група меѓу Австралија и Шпанија.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска