Екипата на Ливерпул успеа да ја постигне втората победа во низа, откако во 28.коло од Премиер лигата го совлада Виган на гостински терен со 4:0.
Головите за Ливерпул ги постигнаа Стјуарт Доувинг (2.минута) и Луис Суарез (18, 34 и 49.минута).
Со оваа победа „црвените“ од Енфилд се искачија за едно место на табелата и сега се седмопласирани.
Ова беше последниот денешен дуел од оваа рунда.
Постигнати резултати на другите средби Евертон – Рединг 3:1, Манчестер Јунајтед – Норвич 4:0, Саутемптон – Квинс Парк Ренџерс 1:2, Стоук – Вест Хем 0:1, Сандерленд – Фулам 2:2 и Свонси – Њукасл 1:0.
Утре се игра лондонското дерби Тотенхем – Арсенал, а в понеделник на програмaта е натпреварот Астон Вила – Манчестер Сити.
Табела: Манчестер Јунајтед 71 бод, Манчестер Сити 56, Челзи 52, Тотенхем 51, Арсенал 47, Евертон 45, Ливерпул 42, Свонси 40, ВБА 40,…