Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон е избран за фудбалер на годината во Англија, на најпрестижното гласање на Здружението на новинари.
Стандардниот играч на англиската репрезентација претходно беше избран за најдобар во гласањето на колегите фудбалски професионалци.
Хендерсон го предводеше Ливерпул до првата титула по 30 години и победи убедливо пред халфот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин.
Тој е трет играч на Ливерпул во последните седум години што е избран за најдобар, по Луис Суарез во 2014 година и Мохамед Салах во 2018 година.
– Не се чувствувам како да сум направил нешто оваа сезона, дури ни во кариерата. Се надевам дека оние што гласаа за мене, исто така, го признаа влијанието на целиот тим, рече Хендерсон.