Англискиот фудбалер Џордан Хендерсон до лето 2025 година го продолжи договорот со премиерлигашот Ливерпул за кој настапува уште од 2011 година.
??? ????? ??? ????????… ?@JHenderson has signed a new contract to commit his long-term future to the Reds ?
— Liverpool FC (@LFC) August 31, 2021
– Со текот на годините минати во овој клуб научив многу работи и станав подобра личност. Благодарен сум поради тоа на голем број луѓе, изјави Хендерсон по потпишувањето на новиот договор.
За Ливерпул досега одигра 394 натпревари на кои постигна 30 голови, а играчот за врска со својот долгогодишен клуб освои и пет трофеи, вклучувајќи ја Лигата на шампиони и Премиер лигата.
Претходно во кариерата, Хендерсон настапуваше за Сандерленд и Ковентри.