Хелмут Марко: Фетел е мој фаворит

Од:

Еден од водечките луѓе на Ред Бул, Хелмут Марко откри дека оваа сезона фаворит му е нивниот поранешен возач Себастијан Фетел, кој сега настапува за тимот на Ферари.

– Фетел е мој фаворит. Делува позрело и постабилно од минатата година, а и Ферари има подобри болиди, па затоа и не смее да направи грешка, истакна Марко.

Тој изјави дека не верува во гласините за нерегуларниот болид со кој го возел Фетел.

– Меѓународната автомобилска федерација изврши контрола и соопшти дека случајот со маслото е во ред. Во последно време се појавија и шпекулации за акумулаторите, но и за тоа ќе биде извршена контрола. За нас болидот на Ферари е во ред, бидејќи веруваме во проверките, потенцира Марко.

Во последниот период се појавија гласини дека Ферари недозволено користи премногу масло и дека преку одредени функции на акумулаторот добива повеќе коњски сили.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ