Хеј го нокаутираше Чисора

Од:

Со технички нок-аут во петтата рунда Дејвид Хеј го победи Дерик Чисора во боксерскиот дуел познат како „Битката за Британија“.

На рингот поставен на стадионот на Вест Хем „Аптон Парк“ во Лондон, двајцата боксери од тешка категорија до петтата рунда прикажаа атрактивна борба со многу удари, а на крајот поуспешен беше Хеј кој влезе во серија на удари кои неговиот противник не можеше да ги издржи и беше соборен по вторпат.

Чисора сакаше да го продолжи мечот, но судијата процени дека тоа моше да биде опасно за него и ја прекина борбата.

За Чисора ова беше прв меч во неговите 18 професионални на кој е „испратен“ на подот.

Синоќешниот дуел не беше лиценциран од ниту една боксерска верзија, туку беше резултат на тепачката меѓу овие двајца боксери на прес-конференцијата во Минхен по поразот на Чисора од Виталиј Кличко.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Општа тепачка на боксерски турнир: Летаа столици, повредени се и болничарите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Организиран боксерски меч два на еден – тепачката заврши на брутален начин, уште во првата рунда

А1он

Професионален боксер е убиен во Лос Анџелес, бил застрелан дури седум пати

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка

Анџела да го напушти рингот и да му ја предаде борбата на својот ривал, за кој инсинуира дека е маж