Хаверц по „хет-трикот“: Сакам да постигнам многу голови за Челси

Од:

21-годишниот германски играч за врска на Челси, Каи Хаверц постигна „хет-трик“ во победата од 6:0 над Барнсли во натпревар од 3. коло на Лига купот.

Фудбалерот беше многу задоволен од своето достигнување, но беше изненаден кога дозна дека менаџерот Френк Лампард е подготвен да го извади од игра непосредно пред неговиот прв гол.

– Немав идеја за тоа. Пресреќен сум со моите три гола. Ова е само почеток. Сакам да постигнам се повеќе и повеќе. Тоа е мојата цел тука. Ми се допадна интеракцијата со Тами Абрахам. Ми беше многу лесно да играм со него, вели Хаверц, цитиран од Goal.com.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска