Хауг: Шумахер помогна да сме број 1

Од:

Мерцедес лансираше самостоен тим во Формула 1 пред само 5 години, а оваа сезона веќе е владетел на патеките.

Врв на доминацијата е денешниот дуел меѓу нивните пилоти Луис Хамилтон и Нико Розберг за титулата кај пилотите, откако круната кај конструкторите беше освоена многу одамна.

„Голема благодарност за овој успех му должиме на Михаел Шумахер”, објави поранешниот шеф на тимот Норберт Хауг.

Тој беше на чело на тимот во дебито во 2010-та со пилотите Шумахер и Розберг.

Михаел се врати во спортот по тригодишна пауза, возеше три сезони и се откажа конечно. Но му помогна на Мерцедес да развие конкурентен автомобил кој го откри својот огромен потенцијал при воведувањето на турбомоторот оваа година.

Нови информации за здравствената состојба на Шуми нема. Тој е сместен во домот на Женевското Езеро и се опоравува по тешката мозочна повреда добиена при скијање на 29 декември 2013-та.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он