Хасани ја продолжува кариерата во Саудиска Арабија

Од:

Македонскиот репрезентативец и поранешен играч на Шкендија, Ферхан Хасани својата кариера ја продолжува во дресот на Ал Раед во Саудиска Арабија.

Откако му заврши договорот со тетовци, Хасани ја прифати понудата за едногодишен договор од тимот од Саудиска Арабија, а за периодот треба да добие повеќе од еден милион долари.

Ал Раед е предводен од српскиот тренер Александар Илиќ.

Офанзивниот фудбалер за Шкендија настапуваше од 2015 година и беше еден од најзаслужните за двете титули во Купот, како и за ланската титула во Првата лига.

За репрезентацијата на Македонија досега има одиграно 31 натпревар, во кои постигна два гола. Претходно настапуваше за Волсбург и Брондби.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска