Ханси Флик ќе го замени Јоаким Лев на клупата на Германија

Од:

Актуелниот тренер на Баерн Минхен, Ханси Флик, ќе го наследи Јоаким Лев на клупата на фудбалската репрезентација на Германија, потврдија денеска официјални извори, наведувајќи дека постапката околу неговото назначување се очекува да биде завршена пред претстојното Европско првенство.

– Не мислам дека одлуката ќе биде донесена во следните неколку денови, но би сакал целата постапка да биде завршена пред Европското првенство, изјави спортскиот директор на Германската фудбалска федерација Оливер Бирхоф.

– Намерно не ги интензивиравме преговорите пред Баерн да ја освои шампионската титула, но сега ќе можеме да ги засилиме. Имам доверба (во Флик) и знам колку важност за него има националниот тим, додаде Бирхоф.

Германските медиуми објавија вчера дека Флик, кој во саботата му ја донесе на Баерн деветтата последователна титула во Бундеслигата, ќе потпише тригодишен договор и ќе седне на германската клупа по завршување на Европското првенство, што треба да се одржи од 11 јуни до 11 јули.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Македонија со одлична група во Лигата на нации: Ќе играме против Ерменија, Фарски Острови и против Летонија

Реми во Скопје: Македонија-Англија 1:1

Фудбалерите заминаа за Малта

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Барди: Ние сме мала земја, но меѓу нас има „лавови“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија ремизираше со европскиот шампион

Катерина Ѓуровски