Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон наместо од 15- та ќе стартува од 20-та позиција на денешната трка од Шампионатот во Формула 1 што ќе се вози во Хофенхајм.
Хамилтон изгуби пет места поради одлуката на тимот да го промени менувачот на неговиот болид по синоќешната незгода кога во квалификациите излета од патеката и удри во заштитната ограда.
– Механичарите работат на автомобилот и ќе извршат промена на неговиот менувач поради штетата од вчерашниот инцидент, изјавија од Мерцедес.
Хамилтон во квалификациите се пласираше на 16. место, но по казната што ја доби Естебан Гутиерез, требаше да стартува од 15 место.
Главната трка за Големата награда на Германија почнува денеска во 14 часот.