Трикратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон претстојниов викенд ќе вози на Големата награда на Бразил на патеката „Интерлагос“, иако не се чувствува најдобро, односно има температура.
Неговиот тим „Мерцедес“ објави дека тој го одложил патувањето за Бразил и дека таму ќе пристигне дури во четврток, еден ден пред првиот тренинг.
Хамилтон никогаш не победил на „Интерлагос“ во Бразил, а сезонава тој веќе ја освои титулата, откако заврши втор во Остин на три трки пред крајот на шампионатот.
Гранд при викендот на „Интерлагос“ почнува в петок во 13 часот со првиот тренинг, сабота од 14 часот е квалификациската трка, а недела во 17 започнува главната трка за Големата награда на Бразил.