Хамилтон станува најплатен возач во Формула 1

Од:

Актуелниот шампион Луис Хамилтон кога ќе го потпише новиот договор со „Мерцедес“ ќе биде најплатениот возач во Формула 1.

Преговорите за нов договор од страна на британските возачот прекинаа на крајот на минатата сезона, и иако се очекуваше дека ќе биде постигнат договор наскоро, досега не се продолжени.

Сепак, и двете страни тврдат дека договорот е само формалност, иако првиот човек на „Мерцедес“, Тото Волф, истакна дека Фернандо Алонсо и Валтер Ботас се резервната опција во случај да не биде постигнат договор со Хамилтон.

„Газета дело Спорт” тврди дека „Мерцедес“ е подготвен за тригодишен договор со Хамилтон да плати 20 милиони евра по сезона. Новиот договор ќе вклучува и бонуси од по еден милион евра за секој триумф и пет милиони евра за освојување на титулата.

Новата сезона во Формула 1 ќе стартува на 15 март со трката за Големата награда на Австралија.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он