Хамилтон: Розберг ќе биде посилен следната година

Од:

Светскиот шампион Луис Хамилтон Sрече дека мора да биде уште подобар во следната сезона ако сака да остане пред тимскиот колега од „Мерцедес“ Нико Розберг, пренесе Мета.

Британецот триумфираше во Абу Даби пред две недели, освојувајќи ја својата втора титула, а во петокот на церемонијата во Доха го презеде својот шампионски трофеј.

Хамилтон истакна дека следната година најголема конкуренција во борбата за титулата, покрај Розберг, ќе му биде возачот на „Ред Бул“ Даниел Рикардо, како и Фернандо Алонсо, кој би требал да се врати во „Мекларен“.

– Нико без сомнение ќе биде посилен, а јас ќе мора да го направам истото ако сакам да останам пред него. Даниел одлично одработи годинава, а ќе биде интересно да се види и што Фернандо ќе направи во својот нов болид- рече Хамилтон.

Хамилтон, Розберг и Рикард очигледно дека добро се забавувале на свеченото доделување, за што говорат и нивните слики на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он