Хамилтон преминува во тимот на Мерцедес

Од:

Британецот Луис Хамилтон (27) одби да потпише нов договор со Мекларен вреди “само” 36 милиони фунти и се согласи да потпише тригодишен договор со Мерцедес во вредност oд 60.000.000 фунти.

Заработката на Хамилтон се дефинира на 15.000.000 фунти по сезона, а плус ќе добива и бонуси за секоја победа на трка а посебно награда ќе добие ако на крајот победи на целокупното Светското првенство. Со спонзорство, годишниот приход на Хамилтон може да втаса до неверојатни 100,000,000 фунти.

Светскиот шампион стана многу фрустриран изминативе неколку сезони во тимот на Мекларен, кој според негово мислење, не му беше обезбедено доволно поддршка во борбата за титулата.

Ова е нова можност Хамилтон да ја освои светската титула со приклучување на тимот на Рос Браун, предводени од Шумахер.

„Јас имав три прекрасни години со Мерцедес, кој за жал не беа успешени како што сакав да бидат. Му посакувам се најдобро на Луис и Мерцедес. Јас сега се концентрирам на следната трка на Светското првенство”, рече Шумахер, кој се уште не потврдува дека ќе се пензионира.

Би можело да ве интересира

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он

Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар

А1он