Хамилтон пред Розберг на стартот на утрешната трка во Монца

Од:

Луис Хамилтон ќе стартува пред Нико Розберг на утрешната трка во Формула 1 шампионатот, која ќе се вози утре за Големата награда на Италија.

Во денешните квалификации пилотите Мерцедес остварија најдобри времиња на патеката во Монца.

Британецот Хамилтон по пауза од седум трки повторно ќе ја има пол-позицијата, а веднаш зад него во првиот стартен ред ќе биде Германецот Розберг.

Тринаесетата трка во шампионатот од вториот ред ќе ја започнат возачите на Вилијамс, Валтери Ботас и Филипе Маса, а зад нив во третиот ред ќе бидат Кевин Магнусон и Џенсон Батон од Мекларен.

Во пресрет на утрешното Гранд-при на Италија, во Генералниот пласман води Розберг со 220 бодови пред Хамилтон кој има 191.

Стартот на трката во Монца (недела) е во 13 часот.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он